Од вкупно 11, останале само шест – пет центри за развој на децата во тетовско затворени бидејќи нема персонал

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Центрите за ран развој на децата кога беа отворени дадоа добри резултати. Нивното отворање првично беше од страна на УНИЦЕФ и неколку невладини организации, а потоа преминаа под општина Тетово,односно градинката Ринија.

-Центар за ран развој имаме во Мала Речица, во ОУ Миѓени, во училиштето Кирил и Методиј и селото Бродец исто така а центри кои во моментов се затворено се тие во селото Гајре, Лисец, Селце, во Шипковица функционира, а тоа поради недостиг на персонал. Доставивме барање, едното доби позитивен одговор, за финансирање за отворање нов објект и за раните центри“, рече Фатлинда Јаја, директорка на градинката Ринија.


Со тек на годините, од вкупно 11 центри останаа само 6. Другите се затворени поради недостиг од персонал и неусвојување на вработувањата. Во селото Селце беше отворен во 2015 а се затвори во 2019. Во Фалише од 2011 до 2017. Во Гајре од 2017 до 2022. Во Лисец не е отворен поради немање персонал, а во селото Сараќино не е отворен поради немање персонал и бидејќи објектот не беше легализиран.

Во село Селце, отворен во 2015, затворен во 2019.
Во село Фалише отворен во 2011 а затворен во 2017.
Во село Гајре отворен во 2017, затворен во 2022.
Во село Лисец не е отворен поради немање персонал.
Во село Сараќино не е отворен поради немање персонал и бидејќи објектот не е легализиран.

Во моментов во 6 центри за ран развој на децата во општина Тетово, претшколскиот процес го следат 124 деца. Доброто кај овие центри е што родителите од руралните зони не мораат да ги носат децата во град.