Од Влада до Собрание, по пат со дупки – среде Скопје целосно уништена улица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Улицата зад мене е целосно уништена и со дупки. Наликува како улица во некое село, но всушност е една од главните во главниот град  која се наоѓа на сред центар во Скопје“, вели репортерката на ТВ21.

Најмногу поплаки за лошата инфраструктура имаат оние кои најчесто поминуваат оттука – таксистите. Се жалат дека раскопаните улици и дупките им ги уништуваат возилата.

Оваа улица се наоѓа на територија на општина Центар, но, градоначалникот на Центар вели дека е во надлежност на Град Скопје.

Ја прашавме и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска – дали дел од нивната програма е реконструкција на оваа фреквентна улица?

Инаку, улицата која наликува како да е од минатиот век, поврзува многу важни институции во земјава, како на пример Владата и Собранието, а долж улицата се наоѓаат и неколку министерства на Северна Македонија, земја-членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ.