Во светот околу 4 милиони луѓе на денешен ден го слават својот роденден. Поголема е веројатноста дека ќе добиете 5-ка на лото отколку да сте родени на престапен ден. ТВ21 истражуваше зошто го имаме и што доколку го немаме.
28-годишна кавадарчанка, денеска го прослави седмиот роденден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
Шансите да родите на престапен ден се 1:1461. Престапен ден имаме со цел календарот да се усогласи со соларниот. Времето кое Земјата треба да сврти околу сонцето изнесува 365 денови и 6 часа. Затоа секоја четврта година имаме престапна година.
Шест часа во годината не се многу, но на нема престапен ден во интервал од 400 години, ќе изгубиме 100 денови. Па во февруари наместо на скијање ќе треба да одиме на плажа.
Бројни се и верувањата за овој ден. Во Иран на овој ден жените ги запросуваат мажите, во Шкодска веруваат дека овој ден носи несреќа, додека пак нашите соседи Грци и во текот на целата година избегнуваат венчавање.
Посебен е денешниот ден и по нешто друго. Ова е прва престапна сабота во 21 век, а следната ќе биде 2048 година.
