Одбележан празникот Водици, централната манифестација наместо во Скопје, во Охрид

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Низ цела Македонија се одбележа верскиот празник Водици – Богојавление. Централната манифестација каде чиноначалствуваше архиепсикопот на МПЦ – ОА господин господин Стефан, наместо традиционално во Скопје, се одржа во Охрид. Таму присутна беше претседателката на државава Гордана Силјановска Давкова која на сите православни верници им го честиташе празникот.

Во Скопје пак, неколку години по ред крстот не се фрла од Камениот мост, туку од мостот Слобода која е во непосредна близина на црквата света Богородица каде што се одржува празничната литургија. Во водите на Вардар, во присуство на претставници на дел од владата и на опозицијата, крстот го фрли тетовско – гостиварскиот владика Јосиф. Од пријавени 220 граѓани кои влегоа во водите на Вардар, најбрз или најсреќен беше 17 годишниот Теодор Јовевски.

Јовевски: „Прва година ми е оваа.

Што ќе ти донесе ова?

Јовевски: Среќа ваљда.

Како се чувствуваш сега вака?

Јовевски: Одлично.

Ладно? Студи?

Јовевски: Ладно, студено. Ама не е ладно кога е крстот тука.“

Што ќе им порачаш на сите верници?

Јовевски: Ништо, да веруваат во Бога, тоа е тоа.

Какво значење има за тебе овој празник.

Јовевски: Убаво значење.

Дали повторно би скокал на пример наредната година?

Јовевски: Да, би пробал пак.“

Инаку, Водици заедно со Божиќ и Велигден е еден од најзначајните православни верски празници.