Големо ѕвоно утрово одекна во Хирошима на 75 годишнината првиот напад на атомска бомба во историјата, на почетокот на комеморативната церемонија од која градоначалникот ги повика сите земји да го отфрлат себичниот национализам и да се обединат во борбата против сите закани.
Поради епидемиски мерки, влегувањето во Меморијалниот парк за мир за комеморативната церемонија годинава беше ограничено на преживеаните и нивните семејства.
Со оглед на значењето на 75-годишнината од бомбардирањето, во кое загинаа 140.000 луѓе, и покрај епидемијата на коронавирус, градските власти, со строги мерки на претпазливост, сепак одлучија да ја одржат комеморацијата.
Небото беше јасно на 6 август 1945 година, кога во 8.15 часот по полноќ американскиот бомбардер Б-29 Енола Геј ја фрли атомската бомба на врз градот, при што загинаа 140.000 луѓе во истиот ден и во следните недели.
Три дена по Хирошима, беше фрлена друга атомска бомба на градот Нагасаки. Јапонија капитулира на 15 август, отворајќи го патот за крајот на Втората светска војна.
