Претседателот на Комисијата за надворешна политика, Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил денеска видео од седницата објави дека е одбиен предлогот на Комисијата за надворешна политика.
Имено, со 4 гласа „За“ и 5 гласа против, владеачкото мнозинство СДСМ-ДУИ го одби предлогот на Комисијата за надворешна политика да се разгледува точката Утврдување на национални позиции за македонско-бугарските односи во контекст на европските интеграции.
Тој обвини дека пратениците на владејачкото мнозинство после неколку успешни саботирања со не правење на кворум, денеска конечно се изјасниле дека се против.
