Пронајдената чаура до телото на 74 годишниот Панче Жежовски од Велес да се донесе физички во судот и да се произнесе вешто лице дали таа чаура е од пиштолот на каратистиот Боре Видевски исто така обвинет за убиствата на Вања и Панче.
Ова го побара одбраната на обвинетиот Љупчо Палевски.
„Предлагам како доказ прво да се достави на физички увид на чаурата пронајдена на лице место каде што е пронајдено телото на Панче Жежовски. Во списите на предметот исто така има и вештачење на таа чаура од вешто лице каде е утврдено дека се работи за чаура од оружје 9мм и дека на истата се пронајдени траги и да се изврши споредба со базата на податоци која се води во МВР дали оваа чаура е изпукана од оружје за кое што се поседува дозвола за поседување оружје односно дали истата е испукана од пиштолот кој го поседувал Боре Видевски“, рече бранителот на Љупчо Палевси.
Тие побараа и вештото лице да дојде во судница или пак да се даде дополнително објаснување за таа чаура.
Потоа првообвинетиот Палевски побара повторно изземање на судијата поради пристрасност.
„Во однос на листата на докази поднесена од моја страна на 26.09, судот пристрасно констатираше и донесе решение дека доказите кои се во моја корист, не можам да ги изведам затоа што се веќе биле изведени. Тоа не е точно затоа што без согласност од обвинетиот Љ.П. судијата дозволи да се читаат наслови и датуми и по една реченица без притоа да се објасни тој доказ каде е пронајден и под која околност е вештачен. Мојот обид да изнесам пред судот докази кои се во моја корист процедурално, вешто и некоректно е одбиено од процедурални причини за тоа ќе побарам и изземање она судијата Ивица Стефановски. Причината е во листата која е пред вас, е доказ број 7 ако може да го прочитам, вештачење од судска медицина од 15.12.2023 година во листата на докази на ОЈО Скопје постојат три писмени извештаи од истата институција. Предложениот доказ на Палчо број 7 не се наоѓа на листата затоа што и по датум е различен и по содржина, но пристрасноста во оваа постпката го отфрли како изведено, а не е изведено. Без моја согласност се прочитаа во сосема погрешен контекст сите 54 вештачењеа и нормално судијата одби да добијам шанса да ги изведам истите вештачења затоа што се во моја корист. ОЈО не ги изложи тие докази како докази во моја корист туку сосема обратно ги изложи како докази против мене, и тоа е причината за изземање“, рече Палевски.
Читајте и:
