Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Б.Ч. (30) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.
При извршен преглед на патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое пријавениот го управувал на подрачјето на општина Аеродром, и покрај тоа што имал активна забрана за управување со возило, биле пронајдени и одземени 32 пакетчиња со кокаин, нож и пари.
