Одекнаа две експлозии во поштите во Амстердам и Керкаде

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во холандските градови Амстердам и Керкаде одекнаа две експлозии во две пошти.

Во експлозиите нема повредени, а полицијата се сомнева оти станува збор за писмо-бомби.

На лице место веднаш пристигнале полициски сили, пожарникарски и екипи на итна помош.

Според холандските медиуми, втората експлозија се случила само половина час после првата.

Кон крајот на декември и почетокот на јануари вакви писма-бомби биле испратени на адресата на седум фирми во Амстердам, Ротердам, Утрехт и Мастрихт.

Бомбите биле направени за да изгледаат како да се испратени од централната агенција за собирање на пошта „ЦИБ“