Одложени натпреварите во ПМФЛ поради обилните снежни врнежи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Одложени се денешните пет натпревари од 19-то коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) поради обилните врнежи од снег на територијата на целата држава, соопшти претпладнево Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Дуелите Борец – Шкупи, Ренова – Беласица, Вардар – Пелистер, Силекс – Шкендија и Струга Трим – Македонија ЃП, што беа закажани за попладнево од 14 часот, ќе се одиграат идната недела во истиот термин.

Вториот дел од сезоната во ПМФЛ започна вчера со мечот во кој Работнички триумфираше како гостин над Академија Пандев во Струмица со 1:0.