Одложено полетување од аеродромот во Ниш: Не можеле навреме да заминат за Тунис, причината е бизарна

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во авионот што вчера требаше да полета од аеродромот „Константин Велики“ во Ниш дошло до инцидент, а според неофицијални информации, авионот се вратил на првичната позиција затоа што еден малолетник не сакал да се закопча.

Се работи за лет од Ниш до Монастир.

На сајтот на аеродромот во Ниш е наведено дека летот за Монастир требало да полета во 10:10 часот, додека полетал во 12:55 часот.