Почетокот на судењето за насилството врз Христијан Пендиков во судот во Охрид се одложи поради нови докази против 7-мо обвинетиот Илија Спасевски кои Охридското обвинителство му ги доставило на судот.
Одбраната побара повеќе време за да ги проучи доказите, но откако судијата не дозволи, адвокатите на обвинетиот ја напуштија салата и рочиштето не можеше да продолжи без нив.
Насилството се случи во јануари оваа година. Пендиков од тогаш се нема вратено во Македонија со изговор дека се плаши од многуте закани.
По излегувањето од судот, Пендиков се пожали дека имал повреди, но за разлика од неговите претходни тврдења дека се плаши да се врати во Македонија, се вели дека не се плаши.
Тој вчера даде изјава и во Охридското обвинителство кое ја води постапката и против еден жител од Битола во врска со насилството.
Адвокатот на Пендиков, Стефан Камишевски рече дека неговиот клиент бил истепан од две лица и тоа јасно се гледа на видео материјалите испратени како доказ, а рече дека Пендиков веќе добил бугарско државјанство.
Адвокатот Димитрија Цобоски кој го застапува обвинетиот Спасевски, реле дека ја напуштил салата бидејќи на некој начин судот е под притисок, сметајќи дека рочиштето не е одложено иако се доставено нови докази што треба да ги проучат.
Обвинителството соопшти дека на 19 јануари осомничениот од Битола заедно со уште едно друго лице против кого веќе се води постапка и е покрената пријава, заради говор на омраза за национална и етничка припадност, ја нападнале жртвата која се изјаснила како Бугарин.
Пендиков дојде од Бугарија откако беше испратен таму со специјален авион на лекување. Во меѓувреме доби и бугарско државјанство. Тој беше и секретар на бугарското здружение Цар Борис Трети во Охрид.
