Официјално започна празничната магија во Њујорк – погледнете ја оваа неверојатна елка!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Божиќното дрво, кое се поставува секоја година во центарот Рокфелер во Њујорк, е традиција која започнала уште во 1933 година.

Таа станала атракција која секојдневно ја посетуваат до 7.000 луѓе, а неодоливите украси и норвешката смрека украсена со милион ламби и мониста од година во година воодушевуваат.

Настанот стана толку популарен што осветлувањето на светлата на новогодишната елка се пренесува во живо на ТВ мрежите, и честопати е дел од празничните филмови снимени во овој урбан град. Сите љубители на класиката „Сам дома“ исто така брзо ќе препознаат за која новогодишна елка станува збор.

Во близина на новогодишната елка се отворија и лизгалиштата, а околу неа има многу соодветни декоративни украси, и сè е креирано за да се направи магијата на празникот поцелосна.

Вчера официјално беше осветлена новогодишната елка, а фотографиите и видеата брзо станаа популарни на социјалните мрежи, измамувајќи насмевки на лицата и потсетувајќи дека нè очекува убав и магичен крај на многу непредвидливата година.

Градската администрација се погрижи разгледувањето и фотографирањето пред елката да бидат прилагодени на сегашните мерки за заштита, а преку фотографиите подолу пренесуваме дел од атмосферата.