реклама

„Огнена група“ на ДУИ со писмо: Дилетантското однесување на извршната власт на чело со Груби предизвика незадоволство кај гласачите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

До ТВ21 пристигна писмо на кој се потпишани долгогодишни членови на ДУИ, од т.н „Огнена група“, во која се поранешни министри и сегашни пратеници и градоначалници, меѓу кои Изет Меџити (пратеник и потпретседател на ДУИ), Блерим Беџети (градоначалник на Сарај), Висар Ганиу градоначалник на Чаир, Мерита Коџаџику (пратеничка), Невзат Бејта (поранешен министер и градоначалник на Гостивар), Муса Џафери (поранешен вицепремиер).

Во писмото се вели дека имајќи ја предвид создадената организациона состојба внатре во ДУИ во период од две години, должни се да го кренат гласот и да реагираат тоа што го создавале со душа, односно Демократската унија за интеграција, да ја вратат на позицијата како што се развиваше цели 18 години.

реклама

„Демократската унија за интеграција не е само политичка партија, туку ДУИ е вредност, која 18 години ги чуваше и ги унапредуваше правата на Албанците, отворено семејство со внатрешни консултации, без индивидуални привилегии, со статутарни тела и со континуиран раст на електоратот. Како такво, ние мора да го вратиме таму каде што и е местото“, велат тие.

Во Писмото бараат:

  • Политичка дебата внатре партијата за надминување на ова состојба;
  • Одговорност и отчет од носителите на извршната власт;
  • Апелираме да се прекине внатрешната политичка „војна” во партијата;
  • Ги повикуваме членството и партиските структури да се ангажираат за избегнување и надминување на овие појави и оваа состојба;
  • Бараме од претседателот на ДУИ, Али Ахмети, да го искористи својот политички и статутарен авторитет за да се најде решение за зачувување на партиското единство.
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама