„Огнената група“ на ДУИ преминува во Движењето БЕСА? Касами: Oсвен Лимани има и други имиња

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на Движење Беса, Биљал Касами денеска го презентираше најновиот „трансфер“ во неговата партија. Фатмир Лимани, некогаш од редовите на ДУИ, од денеска и официјално е дел од Движење Беса. Но дали има и други незадоволни интегративци, познати како „Огнена група“, кои можат да преминат во Беса? Касами вели дека се во комуникација со многу активисти и дека наскоро ќе ги објават имињата на новите соработници.

„Ние бевме во постојана комуникација со многу активисти, еден од нив е и Лимани, со кого денеска ја објавуваме соработката во иднина и сите тие кои беа блиски соработници на Фатмир, дел се меѓу нас, другите, следниве денови ќе бидат дел од нашите активности се до организирањето на Конгресот, но кој ќе биде, како ќе биде во иднина, останува тие случувања во иднина да и ги презентираме на јавноста“, вели Касами.

Лимани, на прашањето зошто не формирал нова партија туку одлучил да и се придружи на Беса, рече дека не сакал да прави поголеми поделби.

Се обидов да не играм и да станам дел од сите тие кои се приклучуваат некаде за да не се прават поделба, рече Лимани.

На последните локални избори, Фатмир Лимани се кандидираше за прв човек на Кичево, но не успеа да помине во втор круг, во кој кандидатот на ДУИ се соочи со тој на ВМРО-ДПМНЕ.

Лимани си замина од ДУИ поради, како што изјави, имало елементи на претопување на ДУИ в о СДСМ, затоа се повлекол од оваа партија.