МВР јави дека непознати разбојници, ограбиле обложувалница на ул. Февруарски поход во населбата Ново Лисиче.
„На 10.12.2020 во 16:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во обложувалница на ул.„Февруарски поход“ две лица со закана одзеле пари од вработените. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
