Ограбена обложувалница во Велес

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Велес синоќа била ограбена обложувалница, при што со закана на вработена и се одземени пари.

– Синоќа во 23:50 часот во обложувалница во Велес со закана од вработената  Г.Л. (20), едно лице и одзел пари, соопштуваат од СВР-Велес.

Портпаролот на СВР-Велес Верољуб Додевски информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.