Огромна дупка на патот Маврово – Дебар, жителите бараат трајно решение на проблемот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е џиновската дупка што се отвори вчера среде регионалниот пат Маврово-Дебар, кај селото Долно Косоврасти. Широка е околу 3 метри и длабока околу 10 метри.

-Се наоѓаме на регионалниот пат Дебар кај селото долно Косоврасти, овде зад мене има дупка широка околу 3 метри, која се отвори  вчера точно на средина на патот, според информации добиени на терен, оваа дупка се отвора неколку пати и се затвора и овој пат ја покриле за да нема опасност за возилата што поминуваат, но и по асфалтирањето продолжува да биде опасност бидејќи секогаш кога има дожд и снег повторно се отвора-јавува репортерката на ТВ21.

Како и претходно, дупката е покриена, но жителите велат дека треба да се преземат посериозни мерки. Тие не сакаа да зборуваат пред камера, туку зборуваа во име на селаните во писмена форма  од месната заедница на село Долно Косоврасти.

„Како можна причина за појавувањети и повторувањето на дупката се подземните води и нецелосната/делумната изградба на пропустот во дој дел од патот, имено бетонските цефки завршуваат слепо под асфалтот веднаш кај што почнува дупката. Само со полнење и затрупување на настанатиот кратер, без да се интервенира во пропусниот канал, никогаш нема Да се реши проблемот. Апелираме до надлежните институции, Фондот за патишта, Македонија пат, да преземат соодветни мерки за трајно решение на проблемот.“

ТВ21 контактираше и со Државното претпријатие „Македонија пат“ за да праша каков е планот за затворање на оваа дупка за ваквата состојба да не се повтори, но одговор не добивме.