Хрвати, Босанци, Македонци… Сите собрани во Белград на масовна вакцинација на Саемот. Гужвата е огромна. Не може и да се сака да се почитува дистанца. Се чека и со часови.
Од министерството за здравство на Србија велат: непријавените не може никако да се вакцинираат.
До 10 часот над 2000 возила ја напуштиле земјава преку Табановце. Сигурно се многу повеќе.
Вакцинацијата се одвива и во Ниш, и во Белград.
Граѓаните го бараат чарето да се вакцинираат против коронавирусот. Србија во моментов има најмногу вакцини од сите во регионот, и се реши да помогне во имунизација и на соседните земји.
Претседателот Александар Вучиќ пред неколку месеци истакна дека ширењето на вирусот ќе се сопре кога ќе се вакцинираат и соседните земји.
Во меѓувреме еве што се случува во моментов пред белградскиот саем:
