Поранешниот претставник на ЕУ, Хавиер Солана во својот говор по повод 20-годишнината од Охридскиот договор, рече дека е убеден оти многу скоро Скопје ќе ги стартува преговорите за членство во ЕУ. Во неможност физички да присуствува на манифестацијата, пораката ја пренесе преку видео-снимка.
Поранешниот претставник на НАТО, Питер Фејт, пак, порача дека Охридскиот договор е доста посебен. Заменикот-помошник на генералниот секретар на Алијансата, Џејмс Апатурај, рече дека НАТО ќе продолжи со политичкиот дијалог и партиска соработка со земјите од Западен Балкан во поддршка на заложбите за реформи и промовирање на регионалниот мир и безбедност.
Амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнс и портпаролот на Стејт Департментот, Едуард Прајс, истакнаа дека Охрид и Преспа ја однесоа земјата во НАТО и на прагот на ЕУ.
„Имавте многу тешкотии на вашето патување. Имавте потешкотии во врска со вашето име, кое беше решено. Имавте проблеми со вашиот јазик, кое што исто така е разрешено и по договорот со НАТО сигурен сум дека многу скоро ќе имате можност да започнете формални разговори со Европската унија“, вели Хавиер Солана.
„Би сакал да ги пофалам граѓаните на оваа земја за работата што ја направија, за толеранцијата. Мислам дека сите заедници ќе бидат мирни и релаксирани, живеејќи под ист покрив со културен идентитет“, посочи Питер Фејт.
