Охридските пастрмки заглавени во мрежи поставени од несовесни граѓани (ФОТО/ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нуркачкиот клуб „Афмора“ од Охрид објавија фотографии и видео во кои може да видат познатите охридски пастрмки заглавени во мрежи кои се поставени од несовесни граѓани за време на местрење.

Од клубот велат дека кога се мрести, пастрмката мигрира во поплитки води, а во тоа време има строга забрана за нејзино ловење.

„Охридската пастрмка претставува симбол на Охрид, се поистоветува со староста на езерото односно постои од неговото настанување. Кога се мрести таа мигрира во поплитки води, за чие време има строга забрана за нејзино ловење. Интересно е што во рок од еден или два дена некои мрестови се комплетно напуштени. За жал за време на нашите подводни активности ја сретнуваме се помалку и помалку“, велат од нуркачкиот клуб.