Околу 1.800 градови во Бразил во состојба на готовност поради комарците што пренесуваат денга треска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Околу 1.800 градови во Бразил се во состојба на готовност или во ризична зона поради присуството на комарецот од видот Aedes aegypti, кој ги пренесува денга треската, зика и чикунгуња. Прогнозите за потопло лето со пообилни врнежи поради феноменот Ел Нињо дополнително ја зголемуваат загриженоста од ширењето на овие инсекти.

Според податоците на бразилското Министерство за здравство, во приближно 50 проценти од проверените домаќинства биле пронајдени ларви од комарци. Експертите предупредуваат дека најголемиот број жаришта се наоѓаат во садови и други предмети во кои се задржува вода.

Во сојузната држава Пернамбуко, бројот на случаи на денга треска е зголемен за речиси 30 проценти во споредба со 2025 година, додека од почетокот на оваа година се регистрирани шест смртни случаи.