Околу 15.000 средношколци полагаат државна матура, оние кои нема да поминат имаат уште една шанса во август

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По завршувањето на матурската вечера, уениците од Гимназијата Зеф Луш Марку полагаат државна матура.

Тоа што можеше да се забележи е стресот пред влегувањето на испит.
Стресот беше и причината поради која не прифатија да зборуваат пред камера.

За разлика од минатите години кога тестирањето се организираше низ училници, овој пат тестирањето се одвиваше по ходници и спортски сали со цел да не се препишува.

Директорот на Гимназијата, Арбен Мемети, рече дека имаат 436 матуранти. Тие одржале и дополнителни часови со цел повторување на материјалот од прва до четврта година.

По завршувањето на матурата сите ученици беа малку под стрес и се надевам дека сите ќе поминат. По завршувањето на матурата, сите ученици своеволно, но и сите професори по албански јазик сакаа да им помогнат на учениците. Значи им беше побарано да им помогнат на учениците и по завршувањето на наставната година им излегле во пресрет. Се подготвуваа и го повторија материјалот од прва, втора, трета и четврта година, вели Арбен Мемети, директор на средното училиште Зеф Луш Марку.

Но што ќе се случи со учениците кои нема да го поминат испитот?

Учениците кои нема да го поминат тестот, имаат втор рок и во август. Се надевам дека сите матуранти се подготвени и им посакувам успеси и се надевам дека ќе поминат, вели Арбен Мемети, директор на средното училиште Зеф Луш Марку.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска ја посети гимназијата „Нико Нестор“ во Струга, од каде порача дека полагањата ќе продолжат до 8 јуни, а резултати се очекува да бидат еден месец подоцна, односно на 8 јули.

Испитот содржи два екстерни предмети, два интерни, како и проектна задача, каде мајчиниот јазик е задолжителен за сите.
Во Македонија има околу 15.000 ученици кои завршуваат средно образование и го полагаат првиот испит. Според податоците од Испитниот центар, организатор на државната матура, за испит по македонски јазик и литература се пријавени 10.088 кандидати, за албански јазик и литература 4.189 и за турски јазик и литература 315 кандидати.