Околу 400 малолетници без извод на родени – деца фантоми ставени во опасност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Институциите не се ажурни во спроведување на законот за евидентирање на лицата во матичната книга на родените. 659 лица немаат извод  на родени, а со тоа им се скратува  правото на образование, здравствена и социјална заштита. Заменичката на народниот правобранител Васка Бајрамовска вели дека вкупно 397 се малолетници не се евидентирани во Матичната книга на родени. Најголем број од нив се Роми.

„Доставени се 211 барања за упис во посебната матична книга што значи ако го споредиме со вкупиниот број на неевидентирани лица кој изнесува 659 е заклучокот дека 448, што значи околу 70% од лицата се уште немаат поднесено барање за упис до управата. Најголемиот број од лицата 397 што преставува околу 60% од вкупниот број на неевидентирани лица се деца под 18 годишна возраст“, истакна Васка Бајрамовска-Мустафа.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вели дека процесот на евиденција на лицата без лични документи не е завршена и таа ќе треа се додека секое лице не добие основни документи за лична идентификација.

„Тоа е процес кој не е затворен секако дека ќе продолжи и ние навистина сакаме секое лице да биде региострирано и да ги ужива правата како и останатите граѓани во државата“, посочи Јагода Шахпаска.

Од Народниот правобранител бараат да се продолжи рокот за поднесување барање за упис на неевидентирани лица во Матичната книга на родени за една година. Да се преземат мерки за целосно информирање на неевидентираните лица со јасни и конкретни насоки за потребната документација за упис во матичната книга.

ФОТО: Илустрација