Околу 4000 деца ќе останат без педијатар? Д-р Аголи: Министерството треба да не моли да работиме

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Околу 100-тина приватни лекари би требало да се пензионираат до крајот на годината. Тоа би значело да се затворат приближно толку приватни здравствени установи, мали амбуланти. Една од нив се наоѓа во Дебар. Педијатарот Арбен Аголи објаснува дека неговиот колега веќе ги исполнува законските услови за пензија. Тој пак, би требало следната година да се пензионира. Тие двајца се единствени во градот кои им даваат здравствени услуги исклучиво на деца.

„Ние покриваме 4 000 деца. На специјализација за педијатрија нема ниту еден  млад колега. И да бидат упатени им требаат пет години за да  работат останува дилема што ќе биде понатаму со тие 4 000  деца кои ги покриваме ние двајца?“, вели педијатарот д-р Аголи.

Во Собранието не се прифатија измените на законот за работни односи. Па така и лекарите на 64 годишна возраст  треба да заминат во пензија.  Претседателка на Здружението на приватни лекари оставрила средба со министерот Беким Сали.

„Нашиот апел до здравствените власти беше оние кои сакаат да продолжат, бидејќи имаат и вработено млад кадар да не остане на улица, да проджат да работат. Оние кои сакаат да се пензионираат, тие пациенти ќе си бараат нови матични лекари“, изјави Лилјана Чолакова-Дервишова од Здружението на приватни матични лекари.

„Министерот позитивно одговори на нашите барања и рече сите кои  лекари кои сакат да продолжат да достават барање до него како Министер за здравство и дека ќе им биде одобрено на сите што скаат да продолжат“, рече Чолакова-Дервишова.

„Дојде до една многу интересна ситуација и да сме ние тие кои би посакале да одиме во пензија заради исполнување на условите, сега Министерсвото треба да не моли да продолжиме и понатаму да работиме, бидејќи Дебар ќе се доведе во непријатна ситуација“, вели педијатарот, д-р Арбен Аголи.

Доктор Аголи додава дека  не само во однос на педијатрија, туку  и други области Општата болница во Дебар  ќе остане без шест специјалисти.