Олимпиецот Дејан Георгиевски попладнево слета на скопскиот аеродром каде беше дочекан од неговото семејство, претставници на клубот, навивачи, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.
Следен предизвик за Георгиевски е Светското првенство во Кина.
Па, најавува дека можеме за многу скоро да очекуваме дека ќе му се реваншира на Ларин, со кого се бореше во финалето за златен медал.
