Османи смета дека огнената група нема право да се жали: „Малцинството сака да се наметне на мнозинството“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Портпаролот на интегративците, Бујар Османи, истовремено и министер за надворешни работи, зборувајќи за незадоволствата на членовите на ДУИ, познати како Огнена Група, во Клик Плус на ТВ21 рече дека мал број на членови се незадоволни во партијата и сакаат мислењата на малцинството да им го инаметнат на мнозинството. Сепак, вели тој, во демократија се почитува мнозинството.

„Тие кои не гласале немаат право да се жалат, тие кои дале поддршка тие можат да барат одговорност и отчет. Замислете Али Ахмети да ги менува министрите бидејќи така му текнало на некому, на една група им текнува да ги сменат одлуките на мнозинството, тоа веќе не е институција, ДУИ е сериозна партија, ние ја потценуваме вредноста на оваа политичка организација која бележи 20 години неверојатни победи.“, рече Османи.

Од друга страна Изет Меџити од Огнената група смета дека Али Ахмети е под влијание на некого.

Освен тоа Меџити додаде дека Османи не е партиски координатор за Чаир, бидејќи, како што вели, таква функција во статутот на ДУИ би создала дуализам и раздор во огранокот.