Организациите на Обединетите нации проценуваат дека се потребни 600 камиони со хуманитарна помош дневно за да се започне со решавање на хуманитарната криза во Газа.
Израел објави дека околу 100 камиони со хуманитарна помош влегле вчера во Газа, јавува Би-Би-Си.
Само 100 камиони хуманитарна помош дневно би биле минимум за потребите на Газа во храна, изјави претходно оваа недела претставникот на Светската програма за храна, Антоан Ренард.
