Шефот на агенцијата за бегалци на ОН, Филипо Гранди, денеска го нарече „многу изненадувачки“ планот на американскиот претседател Доналд Трамп за окупација на Појасот Газа и раселување на неговото население.
„Многу е тешко да се зборува за ова многу деликатно прашање“, изјави Гранди за агенцијата Франс прес во Брисел.
Според него, моменталната ситуација, по вчерашните изјави на Трамп, останува нејасна.
Трамп рече дека САД ќе ја преземат сопственоста на разурнатиот од војна Појасот Газа откако Палестинците ќе бидат раселени во други земји, а исто така ќе ја развијат областа економски.
Трамп го објави планот за изненадување, чии детали не ги откри, на заедничката прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа.
„Тоа е нешто многу изненадувачки, но треба да видиме што значи тоа конкретно“, рече Гранди.
