Оние кои се добро платени, нема да добијат К-15? „Државата за едни мајка, за други маќеа“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Околу 50-тина илјади буџетари ќе добијат К-15, а  останатите 70-80 илјади не, велат од Конфедерацијата на слободни синдикати. Нема да им биде исплатен регрес на неколку важни сектори како: полиција, образование, здравство, армијата, а ќе им биде исплатен на 17 000 административни службеници.

-Знаеме дека минататa година има право сите тие работници да земат К-15 и ние ги повикувам есите тие работници да тужат и да си го оставрат своето право, зашто им текна толкму оваа година да исплаќаат не знаеме-вели Благоја Ралповски, претседател на КСС.

Од КСС велат дека на оние што нема да им се исплати К-15 изгледа како да имаат доволно големи плати сами да си обезбедат средства за годишен одмор, што не е така спорд нив. Државата велат се однесува дискриминирачки.

-За дел на државната администтрацја е мајка, за останатите други ммногу важни сектори во државата кои исто така се финанасираат од државен буџет државата е маќеа-вели Неделков.

Вината ја гледаат во тоа што колективниот договор го потпишале 4 500 членови на Синдикат во име на 55 000 работници во предизборен период пред  пандемијата кога бил потребен популизам.

Инаку, владата најави и дека јавната администрација годинава ќе го добие регресот за годишен одмор или таканаречениот К-15. За таа намена се алоцирани дополнителни 230 милиони денари.