Онлај настава и во второто полугодие – новиот хибриден модел дал резултати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Учениците на Онлајн настава  и во втората половина од учебната година. Хибридниот модел на  настава  ќе продолжи како и во првото полугодие,со  физичко присуство за учениците од прво до трето одделение, и онлајн настава за погорните одделенија, рече денеска министерката за образование и наука Мила Царовска. Според неа , новиот модел се покажал како успешен и безбеден.  Додаде , дека во иднина,  наставата треба да продолжи со истиот континуитет , но со напомена  дека треба да се внимава  и на одржување на ниската бројка  на заболени од Ковид .

„Сметам дека и наставниците и родителите и учениците се прилагодија на новиот систем на учење и таа се одвиваше во континуитет и затоа останува засега тој став“, истакна Мила Царовска.

Доколку во иднина има некоја  радикална промена,  рече Царовска, тогаш дополнително ќе одлучуваат  Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство и за образование. По одржаниот онлајн состанок со директорите на основните и средните училишта од целата држава во врска со спроведувањето на наставата во првото полугодие истите истакнале дека иако на почетокот на училишната година отпорот кон онлајн наставата бил голем, сепак хибридниот модел ги дал посакуваните резултати. Околу неодамнешните најави за нов образовен концепт во образованието, и квалификациите дека Министерката  е сама во идејата, наспроти целата експертска и академска јавност Царовска потенцира дека  процесот нема да биде радикален и брз, туку во него ќе бидат вклучени размислувањата на сите чинители.

„Не сум сама, морам да истакнам дека голем дел од академската јавност и од наставниците стојат позади концепцијата. Но не би било очекувано да во општеството се случува некаква реформа која што е голема, без притоа да има дискусија и да нема спротивставени ставови“, посочи Мила Царовска.

 Концепцијата за основно образование е законска обврска на МОН потенцира Царовска. На иста линија и премиерот Зоран Заев. Вели дека  реформи во основното образование се неопходни  и за тоа мора да има дебата за да се добие најдобар модел. Ние немаме лоши намери вели Заев

„Има добри намери и секако се подготвени да ги слушнат сите..Прво да сфатиме сите дека ќе има дебата. Ќе ги слушнеме сите. Сите експерти од сите области вклучително и родителите и дечињата“, вели Заев.

Со новата концепција за основно образование ниту еден наставник нема да остане без работа децидни е министерката за образование.