Онлајн или комбинирана настава? Власта и опозицијата со преписки за начинот на спроведување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Власта и опозицијата со препукувања во врска со тоа дали има или не државата стратегија за начинот на спроведување на наставно – образовниот процес.

Новоизбраниот пратеник, Тимчо Муцунски, од ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека учебната година започнува за една недела, академската година за еден месец, а Владата и Министерството за образование сè уште немаат стратегија како да го решат прашањето на наставно – образовниот процес. Тој рече образованието во земјава е во непредвидлива состојба бидејќи не знаеме што не чека. На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ поддржува онлајн настава или со физичко присуство, Муцунски одговори:

Но, Дамјан Манчевски од СДСМ, вели дека Владата има стратегија и дека системот ќе биде целосно подготвен за настава на дистанца.

Манчевски додаде дека Владата не сака да ги прави грешките на државите кои ги отворија училиштата и потоа се премислија, потенцирајќи дека не сакаат да дозволат учениците да се заразуваат на училиште, а потоа да ги праќаат дома.

Специјалист за односи со јавност и нови медиуми Бојан Кордалов, рече дека акцентот треба да се стави на квалитетот на образованието, а не на тоа како ќе се одржи наставата.

На прашањето како ќе се реши проблемот со руралните области каде нема услови за учење преку интернет, Манчевски рече дека руралните места кои имаат помалку ученици можат да спроведат настава со физичко присуство. Во меѓувреме, средношколците оваа недела најавија протести против онлајн наставата.