Онтарио ја зголемува цената на струјата за Американците – им се закануваa и со исклучување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Онтарио, канадска покраина, денеска објави дека ја зголемува цената на струјата за 25% за американските домаќинства.

Како што велат, ова е одговор на царините на американскиот претседател Доналд Трамп.

Премиерот Даг Форд, исто така најави и дополнителна такса за извозот на електрична енергија, која ќе погоди околу 1,5 милиони американски домови и компании што Онтарио ги снабдува во Минесота, Мичиген и Њујорк.

„Ќе примениме максимален притисок за да го засилиме нашeто влијание. Да бидам јасен, нема да се двоумам да ја зголемам оваа такса доколку биде потребно. Ако САД ја ескалираат ситуацијата, нема да се двоумам целосно да ја исклучам струјата“, изјави Форд.

Се проценува дека дополнителната наплата ќе изнесува до 400.000 канадски долари (околу 277.200 американски долари) дневно.