Скутерите и педалинките, се најопасни пловни објекти во езерските води. Скутерите се опасни заради брзината со која пловат и непочитувањето на правилата, а педалинките се опасни бидејќи ги користат малолетници и лица кои немаат искуство со пловење.
Иако не на очекуваното ниво, капетанот Горан Устијаноски вели дека почнала да се подига свеста на оние кои пловат со големи пловни објекти. Како најопасни ги смета скутерите за кои има и периоди за забрана за пловење во езерото.
Најголем проблем се педалинките. Последниве години имаше многу инциденти во езерото дури и такви со фатални последици, бидејќи и за нив има правила, особено носењето елек.
Во Македонија се регистрирани над 2700 пловни објекти, но не сите се во Охрид и Струга. Има и други кои се наоѓаат во природните езера. Некои се регистрирани и се надвор од земјава, а во Охридското езеро има околу 300 пловни објекти.
