Опасноста од Тик-Ток и социјалните мрежи – Бајрактаров: Институциите да не чекаат медиумите да ги откријат скандалите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Има многу слични ситуации со тој на анестезиологот кој влезе во живо на Тик Ток од тетовска гинекологија.

На социјалните мрежи кружат разни предизвици како на пример брз трки со автомобили, преминувањето на пругите и така натаму, вели комуникологот Бојан Кордалов. Вели дека е важно, според него, да се препознаваат појавите и да преземеме дејства.

Тој ги повика институциите побрзо да дејствуваат и да бидат поактивни, да не чекаат медиумите да ги откријат ваквите скандали во општеството.

Според психијатарот Стојан Бајрактаров, однесувањето на тетовскиот анестезиолог е типичен пример за злоупотребата на социјалните мрежи и нивните негативни страни. Вели дека ваквите однесувања треба да  осудат од општеството, од лекарската заедница и релевантните институции.

Социјалните мрежи и ковид кризата негативно влијаеја врз менталното здравје на младите. Симптомите се вознемирувачки а се манифестираат со анксиозност, депресија и несоница сметаат од Центарот за менаџирање со човечки ресурси при Филозофскиот факултет, каде денеска се организираше дебата за менталното здравје.