Операцијата на Елиф заврши успешно! – За две недели собрани 20 илјади евра

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Девојчето кое го гледате на ова видео е Елиф. На екранот на ТВ21 пред неколку недели беше прикажана сторија за Елиф која не може да оди, а за да застане на свои нозе беа потребни 20 илјади евра за да ѝ биде извршена хируршка интервенција.  

Благодарени на донаторите оваа сума беше соберена за доста кратко време. Пред една недела Елиф беше оперирана, а за неколку недели се очекува да почне и со потребната терапија.

Конечно ова семејство од Дебар има причина повторно да се смее. Мајката на Елиф, Аљбона, не можеше да ги најде зборовите за да им се заблагодари на сите оние кои помогнале. Нестрпливо чека да ја види својата ќерка како чекори.

„Многу сум среќна што дојдовме до тука. Им благодарам на сите браќа, сестри, на ТВ21 и на Сенат кој апелираше и кој случајот го објави на телевизија. Многу сум среќна, дај Боже да ја видам Елиф да застане на нозе. Сѐ е вклучено, целата терапија сѐ е платено. Им благодарам. Откако се ослободивме од ова зло сега сме посреќни, дај Боже и физикалната терапија да заврши успешно за Елиф конечно да прооди“, истакна Аљбана Заиде.

Операцијата поминала успешно, а траела повеќе од 5 часа. Аљбана вели дека лекарите ја увериле дека Елиф ќе може да оди.

„Во вторникот, средата беше операцијата на Елиф и таму останавме четири дена. Немаше никакви компликации, и лекарот беше задоволен што целата операција на Елиф помина без никаква компликација или проблем. Дај Боже да застане на свои нозе. Има болки и секако ако чувствува болки или вкочанетост на нозете, тоа значи дека ќе се излекува“, вели Аљбана Заиде.

Елиф и понатаму е тивка, но сега има голема промена. На нејзиното лица може да се забележи насмевка и радост, во исчекување да го отстрани гипсот од нозете и да почне со терапија. Деновите ги минува размислувајќи на нејзините желби и на тоа што прво ќе направи кога целосно ќе закрепне.

Елиф: Добро сум, имам болки, но добро сум.

-Имаш желба да леташ со авион. Каде ќе патуваш?

Елиф: Во Турција.

Парите кои беа собрани за Елиф пристигнаа од сите страни, особено од печалбарите.