Опериран ученик кој беше повреден во нападот на училиштето во Загреб

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Момче на возраст од 15 години, е оперирано денеска во Загреб, како последица од повредите добиени за време на нападот на училиштето во главниот хрватски град.

„Претпладне ни пристигна 15-годишно момче со две убодни рани – мала во грбот, и длабока во вратот каде што дошло до повреда на мекото ткиво и крвните садови. Раните се санирани. Операцијата заврши, и детето е на пат кон интензивна нега, информираа од болницата во Загреб.

19-годишник нешто претпладне денеска влезе во училиштето Пречко и почна да напаѓа учителка и ученици. Едно дете почина од повредите добиени во страшниот напад.