Во Центарот за бездомници во Чичино Село синоќа избувнал пожар во една од социјалните бараки.
Целосно е изгаснат утрово и нема повредени.
На терен интервенирале шест возила и 15 пожарникари за да го изгаснат огнот што ја зафатил бараката од 500 квадратни метри, во која немало луѓе.
