Пеплосано се наоколу. Ова е денешната слика од шумата во која синоќа избувна пожар во регионот на Кочани. Опожарени се стотици хектари површина.
На само неколку метри од пожарот, се населени куќи, но за среќа нема повредени. Огнот зафатил неколку домови и возила.
Најголема загуба има меѓу стоката и дивите животни. Пожарот кој избувна вчера е локализиран, но сѐ уште активен.

За среќа нема повредени, но околу десетина граѓани побарале помош во кочанската болница, поради вдишување чад. Веќе денеска се пуштени на домашно лекување. Жителите исплашени раскажуваат за синоќешниот настан. Самоиницијативно земале кофи со вода, трудејќи се да го стават под контрола огнот.
Сопственикот на една од опожарените куќи, раскажува за ужасот кој се одвивал пред нивни очи.

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илиев, вели дека сите имаат материјална штета, ќе бидат обесштетени.
Според последните информации, пожарот над Кочани се уште е активен, но е локализиран и ставен под контрола, иако постои опасност од негово повторно разгорување. Утрово во гаснењето учествуваа армиските хеликоптери, а доцна синоќа помош беше испратена од Скопје, Кавадарци и уште неколку други градови.
