Општина Арачиново ги затвори вратите, поради безбедносни причини нема да работат најмалку една недела

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Веќе два дена општина Арачиново ги затвори вратите за граѓаните. На работа не оди ниту градоначалникот на општината ниту администрацијата. Причината за ова како што вели градоначалникот Ридван Ибрахими, се постојаните закани по живот упатени до него и другите вработени.

-Не само што мене лично како градоначалник ми се закануваат, туку и на целата општинска администрација. Затоа, токму поради оваа причина, од вторник, кога се случи последниот инцидент, па се до следните денови, општинската администрација нема да работи, поради заканите кои доаѓаат од одредени лица кои предизвикуваат инциденти. А на граѓаните нема да може да им се понудат потребните услуги-рече Ибрахими.

Целиот проблем е предизвикан за имот каде е предвидено да се гради фудбалски терен за ФК Шкендија, а истиот, како што вели градоначалникот, е узурпиран од познати лица за него и органите на редот. Пречки има и во назначувањето директори на училиштата во Арачиново.

-Затоа, од оваа причина, ја започнавме постапката со Министерството за земјоделство за адаптација на овој имот за овие цели. Но, за жал, овие имоти во моментов се окупирани од луѓето кои го предизвикаа инцидентот. Долго време имам проблем со назначувањето на директори на основни училишта кои се во општина Арачиново, бидејќи на секој кандидат што ми го дава советот на училиштето, истите луѓе му се закануваат и никој од овие кандидати не прифаќа да биде избран. Како директор на училиште“, изјави Ибрахими.

Сите овие обвинувања ги негира обвинетиот Брахим Ајвази. Тој во ексклузивна изјава за ТВ21 вели дека имотот не е узурпиран, туку со него стопанисува неговото семејство и семејствата на паднатите борци.

-Тоа не е точно. Друго е узурпацијата, друго кога го имаш под управување. Узурпација е овде за овде. Ова земјиште е земено во 2013 година. Таму има неколку семејства, семејства на паднати борци, војници кои немаат приходи, со таа земја ги издржуваат семејствата и од неа се хранат најмалку 150 луѓе-рече Ајвази.

Тој негира дека му се заканувал на градоначалникот.

-Имало напад, каков напад имало? Ако отидеш лично и бараш документ или му однесеш документ и тој побара полиција и обезбедување?Полицијата со командирот и петмина полицајци кога отишле таму биле сведоци и велат дека немало никаква закана. Беа административните работници, немаше никаква закана. Има камери!“, “, изјави Ајвази.

Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави дека за заканите ќе биде поднесена кривична пријава, но според него најдобро е двете страни да се договорат.

Градоначалникот на Арачиново не е прв пат да добива закани на работно место. Закани имало и во минатото, а станува збор за лица од иста партија, од ДУИ.