Општина Битола: Пристигнатите лица се сместуваат во контролирана изолација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од Општина Битола информираат дека пристигнатите лица се сместуваат во контролирана изолација, со полициски надзор, а претходно прегледани од доктори. 

„Изолацијата која до сега беше во сопствените домови, како мерка е подобрена со изолација контролирана на ваков начин, бидејќи се под 24 часовен надзор, што не остава можност за непочитување на изолацијата како што се случуваше во изминатите денови во одредени ситуации во државата, вклучително и со еден случај во нашиот град“, посочуваат од општината. 

Тие додаваат дека никој од нив не претставува опасност за градот затоа што тие постојано ќе бидат надгледувани, што значи, пристигнатите лица се сместуваат во контролирана изолација.

„Сите имаме право да бидеме уплашени, но не да ги напаѓаме оние кои можеби се и недолжни, затоа што сакаат да се вратат дома. Најголем дел од нив се наши деца. Нека ги поминат во мир 14-те изолативни денови, а не уште повеќе да им ја отежнуваме состојбата“, истакнуваат од таму.

Тие порачуваат граѓаните да останат во своите домови со Вашите семејства и оставете на професионалците да си ја завршат својата обврска.