Општина Битола утврди Правилник со којшто ги дефинира начините и условите за искористување на средства од Програмата за социјална заштита за 2021 година.
Со правилникот се овозможува јавен и транспранентен начин на доделување средства кои ќе се користат за адаптација, изградба или поставување на инфраструктура за физичка пристапност и непречено движење во домот на лица со попреченост, корисници на инвалидски колички, преку субвенционирање на трошоците за пристапни рампи за инвалидски колички.
-Правилникот има цел да обезбеди почитување на соодветните услови, правила, законски нормативи и стандарди низ целиот процес и постапка за субвенција на средства за адаптација или изградба и поставување на инфраструктура за физичка пристапност до, или во домот на лицата со попреченост, почнувајќи од поднесување на барања, нивно разгледување, одобрување, па се до изведба на самата инфраструктурата. Правилникот го дефинира принципот на доделување како и висината на одобрените средства на субвенција согласно буџетот предвиден за оваа активност од Програмата за социјална заштита на Општина Битола за 2021 година, информираа од тамошната локална самоуправа.
Искористувањето на средствата на инфраструктура за физичка пристапност во домот може да биде со максимален бруто износ од од 61.500 денари.
Постапката за субвенционирање на инфраструктура за физичка пристапност во домот на лица со попреченост ќе се одвива во три фази, односно поднесување на Барање со потребна документација и административна селекција, потоа поднесување на потребна техничка документација и техничка селекција, а во третата фаза ќе се врши реализација на инфраструктура за физичка пристапност и субвенционирање на трошоците.
