Ова е ветувањето на актуелниот градоначалник на Бутел, Дарко Костовски, во текот на изборната кампања.
Но четири месеци по изборите се уште нема ништо на виделина дека општина Бутел ќе добие поликлиника. Костовски истакна дека чека зелено светло од Министерство за здравство, а вели дека општината е многу блиску до обезбедување на фондови за изградба на нова поликлиника.
Во меѓувреме во Бутел веќе некое време се гради модуларен објект и градежните работи се уште продолжуваат. Костовски градежните работи ги смета за срамни и рече дека објектот не е безбеден.
Од МЗ за ТВ21 истакнаа дека се извршуваат градежни работи кај модуларниот објект, но не прецизираа кога ќе завршат.
Инаку претходната поликлиника во Бутел, кај служеше над 36 илјади граѓани од оваа општина се наоѓаше кај изградените бараки по земјотресот, но тие беа урнати поради тоа што на тоа место се гради нов објект.
