„Наместо табла за добредојде на секој влез на селата од општина Јегуновце, ќе ве пречека ваква депонија а ова се случува бидејќи оваа општина нема претпријатие за менаџирање на отпадот.“, јавува репортерот на ТВ21.
Општина Јегуновце никогаш до сега немала претпријатие за менаџирање со отпадот, а пред една година го ставила под стечај здружението кое ги менаџирало отпадните води и водоводот. Оттогаш наваму не е отворено некое јавно претпријатие.
Претседателот на општинскиот совет, Орхан Сабриј, вели дека е преземена иницијатива за основање претпријатие, но процедурите се уште не се поминати во Советот.
„Во моментов нема, основањето на претпријатието е во тек, порано општината имала здружение за менаџирање на водата а минатата година со одлука на советот го затворивме за да се отвори јавно претпријатие за менаџирање на отпадните води, водоводот и отпадот во општина Јегуновце. Општината има договор со приватната компанија која го собира отпадот на општинско ниво а исплатата ја вршат граѓаните во приватната компанија.“, вели Орхан Сабриј.
Неколкупати се обидовме да исконтактираме и со градоначалникот, Дарко Блажевски, но тој неколку дена не е достапен за изјава. Полог не е единствена општина која не го собира сама отпадот, но е единствена досега која нема јавно претпријатие.
