После долго време преполнета со отпад, оваа депонија меѓу селата Доброште и Глоѓи започна да ја чисти општина Теарце. Сега велат дека се поставени и камери за казнување на тие кои што неодговорно фрлаат отпад.
-Речиси неколку дена по ред машинеријата е на лице место за чистење и отстранување на масата која беше отстранета за релативно кратко време, за што ангажиравме дополнителен персонал да биде на местото на настанот и да ги сензибилизира граѓаните кои неодговорно го прават тоа и за ова сериозно во соработка со сите форуми во двете населени места ќе преземеме екстремни активности и поставени се законски мерки и камери кои ќе ги следиме во текот на 24 часа и ќе започнеме со законски санкции кон оние кои не се одговорни-изјави Нухи Незири, градоначалник на Општина Теарце.
Метин Мухареми од платформата „Пријателите на Шара“ вели дека се залагаат за подигање на свеста за да не го загадуваат овој дел од националниот парк, додека граѓаните се жалат дека нема посебни места за фрлање отпад.
„Она што го забележуваме за време на форумите затоа што секојдневно го забележуваме проблемот со отпадот кој не е контролиран и ние како организација и како платформа „Пријатели на Шара“ бараме да ја подигнеме свеста на луѓето кои живеат во овие региони, но жителите велат дека немаат посебни места каде што можат да го фрлаат овој отпад.“, вели Метин Мухареми, од платформа „Пријателите на Шара“.
Проблем со цврстиот, но и органскиот отпад има во повеќето општини во близина на Националниот парк Шар Планина. Надлежните од националниот парк често апелираа до општините да го собираат сметот во населбите кај Шара, но од општините тврдат дека проблемот со депониите е проблем на Националниот парк, а не нивен.
