Општина Тетово блокирана од извршители, вкупниот долг изнесува 24 милиони евра

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

24 милиони евра изнесува вкупниот долг на општина Тетово. Како што вели градоначалникот Биљал Касами, долгот ги надминал неговите очекувања.

„Ова е вкупниот долг. 17.3 милиони се кон приватниот, а 6.7 кон јавниот сектор. Долгот на општината, односно на администрацијата е 14 милиони евра, долгот на Јавното комунално претпријатие е 9.7 милиони евра, долгот на Претпријатието за градски паркинг е 187 илјади евра, а долгот на училиштата 77 илјади евра.“, вели Касами.

Општината е блокирана од над 430 извршители и во моментов може да исплаќа само платите на вработените.

„Во моментов општина Тетово е блокирана. Има над 430 решенија на извршители кои ги доставиле до трезорот и во моментов не располагаме со сметката на општината.“, рече Касами.

Градоначалникот најави дека подготвуваат план за решавање на проблемот со долгот. Најпрвин ќе ја деблокираат општинската сметка со цел од јануари да почне да се реализира планот за исполнување на сите барање кои ги ветиле. Долгот на општина Тетово ќе биде видлив за граѓаните преку монитор на плоштадот „Илирија“, а детално ќе биде објавен и на веб-страницата на општината.