Општината испрати ревизија во тетовската гимназија – директорката вели дека станува збор за притисок за да поднесе оставка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Внатрешна ревизија на Општина Тетово денеска ја посети гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. Оваа посета, според директорката Теута Лала, следи откако таа не прифатила да поднесе оставка од директорката функција, иако како што тврди, такво нешто ѝ било побарано од соработниците на градоначалникот Биљал Касами.

„Дојдоа тројца претставници на Инспекторатот од Секторот за внатрешна ревизија на општина Тетово. Нивното доаѓања во една ваква ситуација што ја имаме со градоначалникот на општината ја сметам за политички притисок за постигнување на целите и задоволување на апетитите и амбициите на политичките војници. Она е она што го констатирав јас“, вели Теута Лала. 

Лала тврди дека таа е последната која е повикана во општината за да даде оставка, бидејќи како што додава, и други директори се повикани, но не можеле да го издржат притисокот.

„Пред се, прашањето за мојата оставка градоначалникот го негираше, но јас всушност ќе докажам дек е вршен притисок и беше барана моја оставка. Кажувам јавно дека Теута Лала е последен директор кој е повикан во таа формална канцеларија“, додава Теута Лала.

Директорката на гимназијата ни покажа пораки од телефон, каде според неа, Ваљидин Адеми од општината, со одобрение од Седат Сулајмани и кажал кој треба да биде избран во советот на родители кој е одржан на 10 март.

„Како си директорке, дали си добро? Овие две имиња кои ќе ги предложи професорката Хатије,тие да бидат. Поздрав“.

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, пред неколку дена негираше дека некој од општината се заканувал или вршел притисок врз директорката. Случајот е пријавен и во полиција од каде ја продолжуваат истрагата. Теута Лала има уште три години до крајот на нејзиниот 4-годишен мандат.