Општината тврди дека прашањето за експропријација е завршено, Судот во Тетово: Случајот е во постапка на експропријација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од општина Тетово тврдат дека случајот го добиле на суд, што им овозможува да ја продолжат работата со рушењето куќи за да се отвори место за булеварот „Благоја Тоска“. Велат дека општината го добила случајот на двете нивоа, што се темели на изјавата на градоначалникот Биљал Касами дека е завршено прашањето за експропријација.

-Градоначалникот на Тетово Биљал Касами на прес-конференцијата се осврна на одлуката на првостепениот и второстепениот суд каде  за двете одлуки преземените постапки од страна на општината биле уредни. За повеќе информации можете да се обратите до соодветните судови-велат од Општина Тетово.

Тоа што го демантираше тврдењето на Касам беше изјавата на еден од сопствениците на куќите, Ислам Рушити, кој пред неколку дена за ТВ21 изјави дека нема договор со општина Тетово и дека судот се уште не донел конечна одлука за експропријација. Го прашавме Судот во Тетово дали овој судски процес е завршен, од каде дознаваме дека  не е завршен, бидејќи предметот е во фаза на вештачење со кое ќе се утврди вредноста на имотот како форма на компензација.

„Претседателот на судот му се обрати на судијата на предметот Елведин Ферати кој постапува по предметот 47/22 формиран по предлог на општина Тетово против Ислам Рушити од Тетово врз основа на определување на надоместокот за целосна експропријација. За наведениот предмет е извршен увид на 25.05.2022 година, со кој судот донесе решение за доделување на вештачење од страна на овластен судски вештак поради определување на надоместокот за целосна експропријација.“, соопштуваат од Судот.

Проектот  „Благоја Тоска“ трае со години, и никако  да се реализира. Од општината тврдат дека има договор со сите жители за прашањето за експропријација, но семејството Рушити воопшто не се согласува со вредноста која е предвидена како надомест за нивниот имот. Градоначалникот Касами даде рок овој проект да биде завршен до септември.