Општината уверува дека патот ќе биде прооден: Граѓаните се жалат поради стеснување на патот зад градинката во Чаир

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жителите на населбата Чаир се против изградбата и оградувањето на овој објект бидејќи сметаат дека така ќе се стесни патот.

Според нив, со тоа ќе се оневозможи сообраќање на поголеми возила, како противпожарни возила, возила на Брза Помош и камиони.

Проблемот на оваа населба е затоа што градинката, кога ја градеа градинката, сега сакаат да излезат на патот овде да ни го блокираат влезот и излезот и не можеме да влеземе во нашите куќи, изјави Мустафа Речи, жител на Чаир.

ТВ21: Дали ќе се зафати целиот дел од патот?

Жител: Повеќе од половина. Како ќе функционира оваа населба, овде ни треба брза помош, ни треба противпожарна единица, ни треба некој поголем камион и не можеме да влеземе.

Жителите тврдат дека пред да се изгради градинката, општина Чаир им ветила дека нема да се стеснува патот. А за ова општина Чаир повторно уверува.

Од општината додаваат и дека за да се добие технички прием на објектот, Министерството за социјална политика, демографија и млади бара да се постави ограда околу објектот.