Општината уверува дека сите улици се проодни, во тетовските планински села само со зимска опрема

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Снегот кој почна да паѓа вчера, а продолжи и утрово ги блокираше улиците во тетовските планински села. Низ нив се поминува со потешкотии. Екипата на ТВ21 го посети селото Шипковица.
Од жителите слушнавме различни изјави за тоа кој го исчистил снегот. Некои велат тоа е општината, а некои велат самите жители.

Во моментов, како што гледате, не се толку проодни, но ако имате зимска опрема подобро е, но на планина не треба да ја занемарите. До сега да видиме дали пуштаат сол, ако пуштат сол ќе биде добро. Многу, многу, ако не ги чистат самите приватници и селаните, никој не чисти, се рекламираат, вели жител.

Сами ги чистиме, погледнете подобро таму, багерот не помина. Како што гледате, самите патишта не се лоши! Сега кој е виновен, ние или вие, багерот поминува, ама багерот е од селото, багерот на селото и багерот на џамијата го чистеа снегот, среќа јас сум иселеник, но јас не разбирам, зошто чекаат последен ден, вели друг жител.

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографии порачувајќи дека патиштата се чистат и дека сите патишта во градот и во планинските села се проодни.

Истото ни го кажа и директорот на комуналното претпријатие Самет Бислими.

-Договорната компанија интензивно работи и се труди поради врнежите од снег да биде што почисто и што подобро и цело време се на терен, патиштата се проодни во градот и селата од тетовската висорамнина, но е логично е дека мора да има зимска опрема за да не правиме хаос во сообраќајот. Имаме информации дека во сите села од планинските предели патиштата се проодни но со зимска опрема, изјави директорот на ЈКП Тетово, Самет Бислими.

Тендерот за набавка на песок и сол е 3 милиони денари, додека за чистење на патиштата 4 милиони денари, соопшти општина Тетово.

Тендерот за чистење го доби фирмата „ЕкоПеу“ од Тетово.

Метеоролозите најавуваат дека утре ќе има врнежи од снег во регионот на Тетово.